Од 1 јануари државата ги зголемува придонесите за пензиско и здравствено осигурување

Од јануари следната година, за пензиско осигурување ќе се уплаќа 18,8% од бруто платата, a за здравствено 7,5%, што е за 1 процентен поен повеќе од 2018 година.

Се поставува прашањето на кого ќе  падне овој товар на компаниите или вработените, според компаниите овој зголемен трошок ќе падне на нивен грб , затоа што се соочуваат со недостиг на кадар и дека нема простор за намалување на нето платата на нивните вработени без разлика што ќе имаат зголемени трошоци за бруто плата.

– Проблемите во ПИОМ не можат да се решат само со зголемување на придонесите бидејќи се работи за голем недостиг на средства за  исплата пензии, не се работи за 1 или 2%, постојаното зголемување на давачките на плата ги покачуваат трошоците на  компаниите и ја намалуваат нивната конкурентска моќ на домашниот а посебно на странските пазари. Така да може да се случи во еден период сакајќи да го подобриме фондот, ние да ја влошиме ситуацијата со тоа што се помалку број работници во индустријата ќе плаќаат придонеси, изјави Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи за телевизија 24.

Од Фондот за пензиско велат дека поради повисоките придонеси оваа година за 0,4%, придонесите на Фондот се зголемени за 10 насто во првите десет месеци. Министерството за труд очекува следната година, само по основ на придонеси во ПИОМ да влезат 727 милиони евра, што е за стотина милиони повеќе од лани.

ММФ го искритикува последното вонредно покачување на пензии за 700 денари. Следната година за пензии ќе бидат потрошени околу 1 милијарда евра.

error: Content is protected !!