Сиромашните го извлекоа подебелиот крај: Поевтините автомобили поскапеа, луксузните автомобили поевтинија

Поевтините автомобили при увоз ќе плаќаат поголем данок, за разлика од поскапите коли. Данокот на моторни возила започна да се применува, со што досегашната акциза веќе не постои, туку само данок, пишува Алсат.

Уредбата и правилниците за тоа како ќе биде даночењето веќе се утврдени. Претходно висината на акцизата се утврдуваше со 13 различни стапки, зависно од вредноста на автомобилот, а сега со новиот данок има две компоненти. Едната е вредноста на возилото, а новина е висината на CO2 која се испушта.

Па така ако се решите да купите автомобил во вредност од 4.500 евра со емисија на CO2 111 грама/км, наместо 45 евра, со новиот закон ќе треба да се плати 180 евра или 135 евра повеќе. За разлика од поевтините автомобили, доколку купите атомобил со цена од 31 илјади евра со емисја на CO2 oд 140 грама/км, ќе треба да платите 5.256 евра данок, или за 324 евра помалку за разлика од стариот закон, иако овој автомобил загадува повеќе.

Министерката за финасии, Нина Ангеловска овој закон го најави на крајот на декември, а од 1 јануари оваа година почна да важи.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

error: Content is protected !!