Министерството за финансии годинaва треба да отплати стари долгови во износ од 702 милиони евра!

Министерството за финансии утре ќе врати 166,4 милиони евра по основ доспеани долгови, и тоа 155 милиони евра за втората рата на ПБГ-заемот земен 2013 година и 700 милиони денари по основ издадени државни хартии од вредност.

Од Министерството соопштија дека годинaва треба да се отплатат стари долгови во износ од 702,7 милиони евра, од кои кон надвор, односно надворешен долг – 437, 8 милиони евра и домашен долг од 264,9 милиони евра.

„Покрај ПБГ-заемот, во декември треба да се отплати останатиот дел од еврообврзницата од 2015 година во износ од 180 милиони евра со каматна стапка од 4,9%. Вкупната вредност на еврообврзницата издадена во 2015 година е 270 милиони евра, од кои во 2018 година со издавањето на еврообврзницата со најниска камата досега од 2,75%, беа рефинансирани 92 милиони евра од еврообврзницата од 2015 или за првпат беше предвреме отплатена која било од еврообврзниците и воедно намален товарот за отплата во 2020 година. Ако во 2016 година јавниот долф изнесувал 48,8%, согласно последната состојба, јавниот долг изнесува 47,7% и тоа со вклучен негарантиран долг, кој порано не бил вкалкулиран“, велат од Министерството за финансии.

Но едно е сигурно е дека за враќање на 702  милиони евра оваа година ќе се прави со ново задолжување.
error: Content is protected !!