11 фотоволтаични електрани ќе се градат во Свети Николе и Македонски брод

Инвеститорите од деветте компании кои ќе ги градат фотоволтаичните електрани, денеска ги добија договорите за градба на 11 локации на државно земјиште.

11 фотоволтаични електрани ќе се градат во Свети Николе и Македонски брод. Државата со 9 фирми потпиша договори за изградба на фотоволтаици со вкупна моќност од 35 мегавати, од кои 25 мегавати во Свети Николе и 10 во Македонски брод. Очекувањата се првите количини електрична енергија да протечат следната пролет.

Премиерот Оливер Спасовски истакна дека реформите во енергетскиот сектор последниве две години се едни од најзначајните. А со потпишувањето на овие договори во буџетот се слеале 2,7 милиони евра.

Државата е обврзана да го пренамени и урбанизира земјиштето. Цената на приклучок на мрежата чини меѓу 20 и 30 илјади евра по инсталиран мегават. Инвеститорите имаат 6 месеци за да ги изградат електраните.

Произведената електрична енергија, инвеститорите ќе ја продаваат на слободниот пазар.

Вториот оглас кој се однесува за изградба на фотоволтаици на приватно земјиште е во тек, а за него се пристигнати 43 понуди.

error: Content is protected !!