Царовска се пофали дека се зголемуваат пензиите а не кажа дека направи нова дупка во ПИОМ од 45 милиони евра

Покачувањето на пензиите за вкупно 324 илјади пензионери власта го оправдува со зголемување на минималната и просечната плата на вработените како и со пад на дефицитот во пензискиот фонд.

Нема популизам во одлуката, кажа денеска на прес конференција Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

Пензионерите задоволни, покачувањето од 722 денари ќе им значи на оние со инвалидска пензија, велат од здружението

-Покачувањето се базира и на приходите кои се зголемија кај работоспособното население и минималната плата која само во минатата година се зголеми за 15 отсто, а просечната плата за 5 проценти. Законски се утврди трето дополнително усогласување на пензиите во нашата држава за сите пензионери со зголемувања од пет проценти вкупно. Со ова добиваме просечната пензија оваа година да изнесува 15.500, а за две и пол години таа пораснала за 1.746 денари, изјави Вицепремиерката Царовска.

Соодносот во пензискиот фонд сега е на 1.8 вработени, еден пензионер, а за да биде самоодржлив, според Царовска , тој сооднос треба да биде на тројца вработени еден пензионер.

Власта уверува во стабилност на пензискиот фонд, според директор Шаип Зењели истиот го сочинуваат вкупно 580 илјади осигуреници, а приходите пораснале за 10%.

Но тоа што не го кажа Царовска е дека 720 денари месечно е 11,7 евра помножено со 324.000 пензионери по 12 месеци дека е нова дупка во ПИОМ од 45,5 милиони евра на годишно ниво. И тоа во услови кога имаме пад на бројот на вработени во индустријата, и кога имаме засилено темпо на иселување на младите.

Инаку ревизорите во последниот ревизорски извештај за ПИОM констатирале дека расте дупката во ПИОМ, за што во 2018 година биле префрлени 478 милиони евра за да се исплатат пензиите. За тој извештај можете да прочитате во текстот објавен на 18 јануари оваа година ТУКА.

Со ова предизборно покачување на пензиите само ќе се зголеми дупката во ПИОМ.

error: Content is protected !!