Хрватска контра САД: Нема да потпише заедничка декларација со САД насочена против кинескиот Хуавеј

На денешната средба со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во Дубровник, Хрвастка нема да потпише заедничка декларација со САД за безбедноста во користењето на 5Г-мрежата насочена против кинескиот „Хуавеј“.

Туку ќе заземе ист став како и Италија и ќе ги прими на знаење предлозите на САД за „штетноста“ од користењето кинески технологии, пишува „Јутарњи лист“.

Главни две теми на неговата посета се избегнување на двојното даночење и укинување на визите за хрватските граѓани што патуваат во САД, а хрватската страна уверува дека потпишувањето на декларацијата не било планирано, ниту било наметнато од американска страна.

error: Content is protected !!