Од патарините лани собрани 33,8 милиони евра
Јавното претпријатие за државни патишта од патарините лани имало приходи во висина 33.782.331 евра, што е за над 10,5 милиони евра помалку во споредба со 2019 година, објави Мета.

Корона кризата удри силно врз остварениот прилив на средства по надоместокот за користење на македонските автопати, а најизразено намалување на приходите може да се забележи во вториот квартал (периодот на полициските часови) и третиот квартал, кога изостанаа транзитните возила во летниот период и посетителите на земјава.
„Во врска со прашањето за очекувањата за 2021 година, можеме само да кажеме дека во голема мерка сè ќе зависи и главна улога ќе игра состојбата со пандемијата на ковид-19, отвореноста на границите со што ќе се овозможи и транзит на туристи и странски патници“, велат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта.
Целата статија на Мета можете да ја прочитате ТУКА.
