Почина Бенџамин де Ротшилд чија компанија управуваше со имот вреден 160 милијарди евра
На 57-годишна возраст почина Бенџамин де Ротшилд, претседател на компанијата Едмонд де Ротшилд холдинг С.А, која беше специјализирана за приватно банкарство и управување со средства.
Бенџамин де Ротшилд почина од срцев удар во семејната куќа во Прегни
во Швајцарија.
Прегни местото каде почина Бенџамин се наоѓа во близина на Женевското езеро, а овој имот припаѓа на неготовото семејство уште од средината на 19-ти век.
Бенџамин де Ротшилд е роден во 1963 година а негови родители се Едмонд и Надин де Ротшилд.
Тој во 1997 година стана генерален менаџер на компанијата основана од неговиот татко во 1953 година, како и претседател на бордот на директори на Едмонд де Ротшилд Холдинг СА.
Едмонд де Ротшилд холдинг се занимава со банкарство, управува со имоти и капитал на меѓународни клиенти и организации, има 32 канцеларии ширум светот за кои се проценува дека управуваат со имот вреден 160 милијарди евра, компанијата вработува 2.600 работници.
Магазинот Форбс проценува дека Бенџамин де Ротшилд располагал со 1,5 миилијарда евра лична актива. Неговата фамилија Ротшилд односно неговите предци се познати по тоа што преку 300 години играаат значајна улога во европското банарство.
