За реконструкција на патишта Арачиново ќе добие 500.000 евра
За реконструкција на патна инфраструктура општините ќе добијат 70 милиони евра. Парите се неповратни бидејќи се донација од Светска банка за развој на локалните самоуправи, објави Алсат.
Но, за да се добијат средства општините ќе мора до Министерството за транспорт и врски да достават проекти за што конкретно ќе ги трошат парите.
Право за аплицирање имаат 80 општини а сумата која ќе ја добие една локална самоуправа е според брпојот на жители во тоа место. Конкретно, за Арачиново, која меѓу другото е познато како општина каде луѓето не плаќаат данок на имот, ќе се префрлат 500 илјади евра за реконструкција на патишта.
