Во протести против зголемување даноци во Колумбија загинаа 42 лица во мај

Колумбискиот претседател Иван Дуке ja извади колумбиската армија на улиците во градот Кали, трет по големина со население од 2,2 милиони луѓе, откако полицијата не можеше да се справи. Кали е центарот на масовните и жестоки протести против покачувањето на даноци.

Причина за крвавите протести беше најавувата за зголемување данок на ниската и средната класа.

Демонстрации против даночната реформа започнаа да се одржуваат во Колумбија од 28 април. Повеќе од 2.000 лица беа повредени, а 42 лица беа убиени. Колумбиската Влада по крвавите протести подоцна се согласи да ги измени плановите за реформи,а министерот за финансии поднесе оставка, но протестите продолжија.

Според Хјуман рајтс воч бројот на загинати е поголем од официјалниата владина бројка, и дека ситуацијата во градот Калие многу сериозна.

Предложените даночни измени опфаќаа зголемување даноци на секој со над 650 долари месечен приход (32.800 денари), но поголемата причина за протестите е што многу физички лица со пониски примиања кои заради различни причини се ослободени од даноци и давачки сега ќе треба да почнат да бидат оданочувани. Со предложените даночни измени се предвидуваше и покачување на даноците за компаниите.

8 thoughts on “Во протести против зголемување даноци во Колумбија загинаа 42 лица во мај”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!