Холанѓаните најбројните странски туристи во Охрид ги откажаа своите аранжмани

Најбројните странски туристи во македонскиот езерски бисер Холанѓаните, ова лето нема да дојдат во посакуваниот број како што доаѓаа традиционално пред пандемијата. Холандскиот туроператор „Корендон“ преку кој на охридско-струшкото крајбрежје доаѓаа најголемиот број туристи од таа земја ги откажа аранжманите за летната туристичка сезона.

Претходно слично постапија туроператори од Белгија, Турција и други земји поради што очекувањата за шпицот на сезоната се далеку поскромни од предвиденото. Иако за 19 јули е најавено доаѓање на холандски туристи преку друг туроператор, бројот на гостите ќе биде минимален споредено со периодот пред кризата со новата болест.

Шпицот на сезоната се очекува да почне на 15 јули и овој пат како и лани хотелиерите ќе се потпрат на домашните и туристите од соседните држави.

error: Content is protected !!