Од Американските банки се повлечени 100 милијарди долари

Регулаторите од САД ја уверуваат јавноста дека банкарскиот систем е безбеден, откако новите податоци покажаа дека клиентите повлекле депозити од речиси 100 милијарди.

Податоците покажуваат дека најголем дел од повлечените пари биле од малите банки. Големите институции забележаа раст на депозитите за 67 милијарди долари, додека помалите банки забележаа одлив од 120 милијарди долари/

Повлекувањата ги намалија вкупните депозити за околу 0,6% од вкупниот број. Депозитите се во постојан пад во изминатата година и паднаа за 582,4 милијарди долари од февруари 2022 година до денес, според податоците на ФЕД објавени во петокот.

error: Content is protected !!