ЕУ и САД се пред трговска војна – кој ќе настрада прв?
ЕУ изготви агресивен план од 173 страници за да се спротивстават на трговските потези на претседателот Доналд Трамп и на американските технолошки технолошки гиганти како „Гугл“, „Епл“, „Амазон“, „Мајкрософт“ и „Фејсбук“, пренесува „Политико“.
Претставници на Европската комисија вршат притисок врз новоизбраната претседателка Урсула фон дер Лејен, да формира Европски фонд за иднината кој би инвестирал повеќе од 100 милијарди евра во европски компании со голем потенцијал,пишува „Политико“
Целта на планот е овозможување на Европа да се натпреварува со американските и кинеските технолошки гиганти зад кои заостанува со децении.Тие исто така се залагаат за Европа да покаже поголем интерес во трговската војна на Трамп, велејќи дека ЕУ треба да воведе еднострани царини кон САД.
Сенката на Брегзит исто така е надвисната над предлогот. Како членка на ЕУ, пазарно ориентираната Велика Британија сигурно ќе стави вето на ваквите предлози.
Но мотивацијата за предлозите не е тајна. Најголемите американски технолошки компании, со пазарната капитализација која понекогаш надминува и еден трилион долари, се до 100 пати повредни од врвните технолошки компании во Европа.
Покрај најголемите технолошки компании во Америка, официјалните претставници ги идентификуваат кинеските ривали како „Баиду“, „Алибаба“ и „Тенсент“ како фирми на кои Европа треба да им конкурира. Во нивните документи се вели дека Европа нема такви компании.
Сепак најголемата економија во светот САД, нема да седи со скрстени раце, и сигурно ќе објави жестоки реципрочни мерки, што ќе значи влез во трговска војна меѓу САД и ЕУ.
