Facebook за еден ден изгуби 50 милијарди долари од својата пазарна вредност

Акциите на Facebook паднаа за 8% во четвртокот откако компанијата во средата го објави извештај за заработка во четвртиот квартал во 2019 година.

Ова доведе до пад на пазарната вредност на компанијата за 50 милијарди долари, и сега Facebook вреди помалку од 600 милијарди долари, објави NBC News.

Падот на цената на акциите уследи по извештајот за пораст на трошоците на Facebook од дури 51 процент во 2019 година во споредба со 2018 година.

Трошоците се поврзани со подобрувања во приватноста и безбедноста на корисниците на кои оваа социјална мрежа работи откако се соочи со јавни критики.

Овие податоци се совпаѓаат со падот на оперативната профитна маржа, од 45% во 2018 година, на 34% и во 2019 година.

Facebook работи и на измени во врска со рекламирањето, што го забавува неговиот развој.

Од компанијата велат дека подобрувањето на приватноста во софтверот на Apple и Android на Google може негативно да влијае на таргетирање при рекламирање на нивната социјална мрежа

error: Content is protected !!