Дали и Австрија ќе излегува од ЕУ? Не сакаат да плаќа повеќе од 1% „членарина“ за ЕУ

Откако Велика Британија излезе од ЕУ, а една од главните причини беа парите што британските даночни обврзници ги даваа во ЕУ, по најновите изјави од Австрија изгледа дека и Австријците полека започнуваат да го следат примерот на Велика Британија.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц се закани со вето доколку Европската комисија инсистира земјите-членки да уплаќаат по 1,11 проценти од нивниот БДП во буџетот на Унијата.

„За нас е неприфатливо 1,11 отсто. Ќе ставиме вето“, порача австрискиот канцелар.

Курц вели дека се’ уште се водат преговори и се надева дека ќе има нов предлог што ќе биде прифатлив до вонредниот самит на ЕУ за европскиот буџет за периодот 2021 до 2027 кој е закажан за 20 февруари.

Инаку, оние држави кои плаќаат повеќе отколку што добиваат од буџетот на Унијата сакаат да остане „членарината“ од 1% од БДП, но Европската комисија предлага 1,11 проценти, а Европскиот парламент предлага дури 1,3 проценти.

error: Content is protected !!