fDi на Financial Times: Скопје e одлично рангиран во категорија за европски градови и региони на иднината

Во најновото рангирање на fDi магазин одделот на Financial Times европски градови и региони на иднината за 2020/21 Скопје се наоѓа меѓу најдобро рангираните во две категории.

Од Дирекцијата на ТИРЗ соопштуваат дека податоците за ова рангирање се собрани од 505 локации од 319 градови, 148 региони и 38 LEP (LEP – A Local Enterprise Partnership – ЛЕП локално партнерство помеѓу локалните власти и деловните субјекти).

Рангирањето е правено во пет категории: економски потенцијал, човечки капитал и животен стил, ефективност на трошоците, поврзаност и деловен амбиент.

За да се направи потесен избор на најдобро рангираните европски градови и региони на иднината на fDi магазин за 2020/21 година, fDi Магазин одделот на Financial Times собира податоци со помош на специјализираните онлајн алатки на fDi– fDi Benchmark и fDi Markets, како и други извори.

Локациите добиваат максимум 10 поени за секој сегмент на податоци, што се пондерираат според важноста на процесот на одлучување на „фДи“ со цел да се направи рангирање на поткатегоријата, како и целосниот ранг на „Европски градови и региони на иднината 2020/21“.

error: Content is protected !!