Трамп: Берзите ќе паднат како никогаш досега, ако ги изгубам изборите

Претседателот на Соединетите држави Доналд Трамп изјави денеска дека очекува да растат акциите во земјата ако победи на претседателските избори во ноември.

Во случај да ги изгуби изборите, Трамп вели дека берзите ќе паднат „како никогаш досега“.

За време на посетата на Индија, Трамп ги пофали напорите на Кина за спречување на коронавирусот, претходно изрази уверување дека појавување на вирусот во САД е под контрола.

Потврдено е дека денес подоцна Трамп ќе одговара на новинарски прашања.

error: Content is protected !!