Huawei им пркоси на американските санкции – ќе гради фабрика во ЕУ
„Huawei Technology“ ја обезбеди својата позиција како најбараниот снабдувач на телекомуникациска опрема „5G“, и покрај силниот притисок на американската влада да ја намали работата на кинескиот технолошки гигант.
Од 91 комерцијален „5G“ договори кои досега ги потпишани од „Huawei“, повеќе од половина се од Европа.
Но тоа не е се, „Huawei“ ќе инвестира 200 милиони евра во првата фаза од изградбата на фабрика за производство на базни станици, што ќе значи и отворање на 500 нови работни места.Според претседателот на компанијата, Лианг Хуа, „Huawei“ во Франција ќе го изгради својот прв производствен погон во Европа.
„Фабриката ќе го снабдува целиот европски пазар, не само Франција“, рече Лианг.
Се очекува новата 5G-технологија за мобилни мрежи да создаде услови за значително побрз пренос на податоци. Во моментов не е познато дали таквата одлука добила „зелено светло“ од францускиот претседател Емануел Макрон, кој сака да донесе што повеќе странски инвеститори во Франција.
