Зошто капитализмот е супериорен во однос на социјализмот?

Економистот John Hawkins, неодамна состави колекција од цитати во кои објаснува зошто капитализмот е супериорен во однос на социјализмот. Издвојуваме пет цитати:

1. Од Ayn Rand:
Изобилството на Америка не било создадено со жртви на јавноста кон „општото добро“, туку од продуктивниот генијалец на слободни луѓе кои ги остваруваа своите лични интереси и создадоа сопствено богатство. Тие не ги натераа луѓето да гладуваат за да платат за американската индустријализација.

Со секоја нова машина која ја измислија, научно откритие или технолошки напредок им даваа на луѓето подобри работни места, повисоки плати и поевтини производи – и со тоа целата земја напредуваше и профитираше, без да страда, на секој чекор на патот.

2. Од Milton Friedman:
Најпрвин одговрете ми го ова: Има ли општество за кое знаете дека не работи на алчност? Мислите дека Русија не е водена од алчност? Мислите дека Кина не е водена од алчност? Што е алчноста? Се разбира, никој од нас не е алчен, тоа е само другиот колега кој е алчен. Денес светот функционира поради луѓе кои се стремат да ги остварат своите лични интереси.

Големите достигнувања на цивилизацијата не произлегоа од владините канцеларии. Ајнштајн не ја создаде својата теорија по наредба на бирократи. Хенри Форд не ја револуционизираше автомобилската индустрија по наредба на бирократи. Единствените случаи во кои народните маси избегаа од екстремната сиромаштија за која што зборувате, според историјата се оние општества кои што имаа капитализам и претежно слободна трговија.

Ако сакате да знаете каде масите се најлоши на светот, станува збор за општествата што отстапуваат од тоа. Значи, историскиот запис е апсолутно кристално чист, досега не е откриен алтернативен начин за подобрување на животот на многу обични луѓе како што може системот на слободно претприемништво.

3. Од David Horowitz:
Во пракса, социјализмот не функционира. Но, социјализмот никогаш не би можел да функционира, бидејќи се заснова на лажни претпоставки за човечката психологија и општество и тотално незнаење на човековата економија. Во огромната библиотека на социјалистичката теорија (и во сите сложени дела на Маркс), тешко дека има поглавје посветено на создавање богатство што ќе предизвика работа и иновации на луѓето, или што ќе гo направи нивниот труд поефикасен.

Социјализмот е план за морална оправданост на кражбата. Се работи за поделба на она што го создале другите. Затоа, социјалистичките економии не функционираат; тие создаваат сиромаштија наместо богатство. Ова е сега неоспорен историски факт, но не ја потикнува левицата да се замисли.

4. Од Ludwig von Mises:
Шампиони на социјализмот се нарекуваат себеси прогресивни, но препорачуваат систем кој се карактеризира со цврсто придржување кон рутината и давање отпор на секаков вид на подобрување. Тие се нарекуваат себе си либерали, но нивната намера е да ја укинат слободата. Тие се нарекуваат себеси демократи, а копнеат по диктатура. Тие се нарекуваат револуционери, но сакаат да ја направат власта семоќна.

Тие ветуваат рајска градина, но планираат да го претворат светот во џиновска пошта. На секој човек, по еден надреден чиновник во одделот. Колку заводлива утопија! Колку благородна причина да се бориме!

5. Од Winston Churchill:
Најголем мана на капитализмот е нееднаквата поделба на благосостојбата. Најголемата доблест на социјализмот е еднаква распределба на мизеријата.

Бонус цитат од Mark J. Perry:
Како што научивме од безброј примери низ историјата, вклучително и од Венецуела, главната разлика помеѓу капитализмот и социјализмот е во тоа што: капитализмот функционира.

error: Content is protected !!