LinkedIn објави листа на 15 најбрзорастечки професии во 2020 година
LinkedIn објави листа на 15 најбрзорастечки професии оваа година, а иако проценката е направена врз основа на податоците на корисниците од САД, со некои мали осцилации во поредокот, таа важи и за глобалниот пазар на труд.
На листата доминираат технолошките професии, инженерство, анализа на податоци и работи од STEM областа. Како што е познато, терминот STEM е составен од почетните букви од четири области – science, technology, engineering и mathematics, односно наука, технологија, инженеринг и математика.
Најбараната професија во светот според анализата на LinkedIn е експерт за вештачка интелигенција (годишна стапка на раст од 74 проценти), втората е инженер за роботика, а трета е научник за податоци (data scientist).
Повеќе од 80% од најбараните професии во Топ 15 се од ИТ струката. На високото четврто место на листата на LinkedIn е и Full Stack инженер за развој. Станува збор за програмери кои го одржуваат софтверот и работат на негово надградување, а петтата е повторно работа од ИТ секторот – инженер за сигурност на интернет страниците.
Следи експерт за успех на клиенти, претставник за развој на продажба, инженер за податоци, специјалист за интернет безбедност, програмер за позадина, директор за продажба, клауд инженер, JavaScript програмер.
