ЕУ ги продолжи санкциите против Русија воведени поради Украина
Европската Унија за уште шест месеци ги продолжи санкциите против Русија воведени поради кршењето на територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина.
Советот на ЕУ потсети дека мерките подразбираат не само замрзнување на фондовите туку и забрануваат давање средства и обезбедување други економски ресурси за 175 и 44 ентитети кои се наоѓаат на европскиот список за санкционирање.
Покрај овие мерки, во Брисел потсетуваат дека ЕУ како одговор на кризата во Украина воведе економски санкции кои се однесуваат на одредени сектори на руската економија.
Воведени се и рестриктивни мерки како одговор на нелегалната анексија на Крим, кои се однесуваат само на областите на Крим и Севастопол, а се на сила до 23 јуни 2020 година, наведе Советот на ЕУ.
