Зошто замрзнувањето на цени во време на криза е погрешно

Патот до пеколот е поплочен со добри намери, така во секоја криза се наоѓаат “Ајнштајни” кои им пркосат на економските законитости.

Една од првите лекции во секој учебник за економија е понуда и побарувачка. Кога има зголемена побарувачка а понудата е иста или намалена, доаѓа до раст на цените.

Луѓето најчесто ги обвинуваат продавнициите или аптеките кога се зголемуваат цените, но тие ги купуваат истите прооизводи по зголемени цени од фабриките.

А фабриките ги зголемуваат цените затоа што за да ги задоволат потребите на пазарот треба да вработат нови луѓе, да отворат нови капацитети, да купат работи вонредно по повисока цена итн. Се работи за цел ланец.

Што ќе стане кога некоја држава ќе забрани покачување на цените? Многу едноставно продавниците и аптеките нема повеќе да продаваат од тие производи. Кој е будала да продава ефтино по стара цена а да купува од фабрика по нова повисока цена?

Друга работа, покачувањето на цената на одреден производ доведува луѓето да не купуваат во непотребни големи количини туку во разумни. Или ќе купат само тие што стварно имаат потреба. Жртва од покачување на цените ќе бидат тие што сакаат да трупаат залихи за шест месеци.

Трета работа, покачувањето на цена е сигнал дека има незадоволена потреба и претприемачите ги алоцираат своите ресурси да ја задоволат оваа потреба заради профит, значи делува стимулативно побрзо да се произведат неопходните производи.

Научете основи на економија пред да воведувате социјалистичка економија.

Александар Пандуловски

error: Content is protected !!