Анѓушев: Во буџетот ќе фалат 2 милијарди евра, прашање е дали ќе можат да се поделат плати

Во вечерашната емисија на ТВ21 „Клик плус“ поранешниот вицепремиер Кочо Ангушев во врска со предложените мерки од страна на Владата, истакна дека во буџетот ќе фалат 2 милијарди евра пари

-Вистинското прашање не е дали ќе се кратат платите или не, туку дали ќе можат да се поделат, затоа што во буџетот ќе фалат 2 милијарди евра. Тие 2 милијарди евра воглавно ќе треба да се трошат на плати, истакна Анѓушев.

Тој вели дека ние можеме неколку месеци да делиме плати, но што ќе се случи доколку во буџетот ќе нема пари за плати и посочи дека вистинското прашање е дали може да се обезбедат и како ќе се обезбедат тие 2 милијарди евра задолжување.

-Денеска во светот не се прашува дали треба да се задолжите, туку дали можете да најдете финансиски средства односно извори од каде би се задолжиле, вели Анѓушев.

Тој истакна дека Германија прогласи 5% дефицит на буџетот односно направи пакет на економски мерки од 750 милијарди евра, во Америка отиде дефицитот над 10 % и кај нас ќе биде таа бројка сериозна.

Ви 20 минута од интервјуто Анѓушев зборува за таа тема.

error: Content is protected !!