Во Шпанија за три недели без работа останале 900.000 луѓе
Речиси 900.000 (поточно: 898.822) луѓе во Шпанија се без работа од 12 март, кога беа воведени мерки во земјата против ширењето на коронавирусот, вклучително и забраната за движење.
Повеќе од половина од отпуштените биле вработени на одредено работно време, пренесува „Ројтерс“. Во оваа земја, бројот на невработени се искачи на 3,5 милиони минатиот месец, што е најголем број од април 2017 година.
