Јавниот долг на Франција до крајот на годинава ќе изнесува рекордни 120%

Предложениот ребаланс на буџетот на Франција за 2020 година, предвидува јавен долг од 120,9% од БДП оваа година.

Mинистерот зa буџет (Саркози ја измисли оваа функција) Gerald Darmanin изјави дека буџетскиот дефицит оваа година ќе изнесува рекордни 11,4%, а само пред неколку месеци проекциите предвидуваа 9% буџетски дефицит.

Француската економија која е втора по големина во еврозоната очекува годинава францускиот БДП да се намали за 11%, што ќе биде најголема рецесија после Втората светска војна.

Се предвидува пад на потрошувачката на населението од околу 10% оваа година, при што се очекува дека домаќинствата од претпазливост да ја зголемат заштедата за околу 100 милијарди евра.

error: Content is protected !!