Заев: Гледате дека стануваме една важна раскрсница на светските економски сили
Се работи за една комплексна насоченост на владата со јасна визија што сака да постигне. Сите компании се домашни за нас, суштината е како да правиме поголем нето ефект, едниот дел е поголемо мотивирање на нови инвестиции на странски капитал, миграцијата од Кина и Азија да ја прифатиме колку можеме, а гледате дека стануваме една важна раскрсница на светски економски сили, тоа што се случува и со енергетиката, изјави премиерот Зоран Заев во Економски магазин на Алсат М.
-Токму оваа позиција мора да ја искористиме. Верувам, мотивиравме купување фабрика за кабли во Неготино, следниот дел е да ги искористиме темите на кои светот вложува, енергетика, заштеда на енергија и дигитализација и сите други високо современи технологии.
Едниот дел е со финансиска поддршка на инвестициите, паралелно на тоа домашните компании кои треба да се борат на странскиот пазар и да бидат продуктивни“, изјави Заев.
