Во 2019 година стапката на сиромашни лица во Македонија изнесуваше 21,9 %

Државниот завод за статистика врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета Лаекенските индикатори за сиромаштија за 2019 година. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.

Според податоците, во 2019 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 21,9 %.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2019 година е 19,5 %. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 8,8 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,8 %. Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 30,8 %.

error: Content is protected !!