Стартапи, секс и Индија со Блаже Аризанов

Во понеделник, 12-ти септември со почеток во 19:00 часот во Јавна Соба, Funky Coworking со поддршка на Стартап Македонија организира отворен настан каде што гостин ќе биде Блаже Аризанов, еден од основачите на контроверзниот индиски стартап StayUncle.

StayUncle е стартап кој вбројува признание за еден од најиновативните нови компании во Азија, и веќе го привлече вниманието на медиуми како Discovery Channel, BBC News и Huffington Post. Блаже е директор за маркетинг на индиската компанија која разви платформа за парови да можат да си резервираат хотел за само неколку часа, без да бидат предмет на морално малтретирање.

Културата во Индија не дозволува парови јавно да ја искажуваат својата љубов, при што често има случаи на физички напади врз младите кои се противат на традицијата. StayUncle го решава тој проблем со овоможување на приватност на паровите.

Во 19:00 во Јавна Соба во понеделник Блаже ќе ја претстави неговата лична приказна со StayUncle на Македонската стартап заедница.

error: Content is protected !!