Macedonia Manufacturing Expo 2016
Македонската асоцијација на метална и електро индустрија МАМЕИ Ве кани да учествувате на Macedonia Manufacturing Expo, првата меѓународна конференција и настан за деловно поврзување (B2B) во Македонија за компании од лесната преработувачка индустрија. Macedonia Manufacturing Expo ќе се одржи во хотелот Александар Палас во Скопје на 15 септември 2016 година.
Со поддршка од УСАИД и Владата на Швајцарија, Macedonia Manufacturing Expo ќе Ви овозможи да одржите директни деловни средби со странски и домашни купувачи и добавувачи од вашата област. Овие динамични B2B средби ќе бидат претходно закажани со помош на софтверот за поврзување на компании на MAMЕИ, врз основа на вашата дејност и деловни потреби. На настанот се очекуваат петнаесет купувачи во потрага по добавувачи од Македонија, меѓу кои и компании од Западна Европа, земјата и странски инвеститори кои веќе работат во Македонија. Локалните понудувачи на производи и услуги ќе имаат можност да го истражат потенцијалот за соработка со компании како што се Siemens, Scoutbee и други.
Ако сте Македонска компанија која сака да се поврзе со купувачи од други земји и/или странски инвеститори во Македонија, регистрирајте се овде или напишете ни е-маил на contact@mamei.mk.
После регистрацијата, ќе добиете пристап до онлајн платформата каде што можете да ги погледнете барањата постирани од заинтересираните купувачи и да закажете средба со нив.
Доколку имате прашања, или не ви е јасен процесот слободно напишете ни е-маил, или пак јавете се:
МАМЕИ канцеларија 02 3177 658
Дејан Јаневски 070 26 00 18
Гоце Пешев 071 27 70 47