Три животни поуки од Мајкл Џордан
Michael Jordan е легенда во светот на кошарката. И покрај поддршката на фамилијата и пријателите, без напорната работа и интелегентните потези, не би успеал да го оствари сето тоа што го направил, наведува Addicted2Success.
Ова се трите поучни животни лекции кои можете да ги примените за своите животни цели.
1. Користете ја лутината како мотивација
Лутината лесно прераснува во бес и може да биде многу погубна по нас. Некои луѓе се мотивираат со помош на задоволствата, а некои ги мотивира болката што ја преживуваат. Сепак таа болка може вас да ве подигне кога е во прашање работата и да ги прошири вашите залихи на енергија. Michael Jordan е личност која никогаш не заборава на работите кои го вознемирувале и го мотивирале да постигне уште повеќе. Учеше од своите грешки и воспостави доминација на терен.
Кој е антагонистот во вашата животна приказна? Тие кои се сомневаа во вас или тие кои ве изневерија. Многу луѓе само ја толерираат фрустрацијата, но затоа канализирањето на таа болка ќе ве ослободи од вашите проблеми и ќе ја зајакне вашата одлучност и ќе добиете повеќе енергија за достигнување на новите животни нивоа.
2. Бидете доминантни во својата специјалност
Му се допаѓаа кошарката и бејзболот, дури и повеќе бејзболот. Кога ја осети страста на теренот, сепак се определи за кошарката. Во текот на годините ја унапреди својата вештина и стана прав мајстор на кошарката. После трагичната смрт на татко му се повлекува од кошарката. Прво играше бејзбол во пониските лиги, со полна љубов и страст но ја немаше клучната работа што ја имаа неговите колеги- искуството. Кога сфати дека загризал повеќе од тоа што може, се врати на теренот на кој што беше неприкосновен.
Која е специјалноста во која сте доминантни? Ако пробувате да бидете најдобри во се, ќе изгубите фокус. Трчањето по многу идеи одеднаш ја руши специјализацијата. Еекспериментирањето е добро, но не треба да земе замав. Доколку сакате успех треба да ги знаете своите квалитети. Michael Jordan имаше истрајност, самодоверба, способност да “лета по теренот” итн. Морате и вие да ги препознаете своите квалитети. Тоа најлесно ќе го започнете со пронаоѓање шаблон на вашите претходни достигнувања.
3. Фокусирајте се на она што е битно
Никогаш не се однесувал како некои ствари да не се достојни. Дури и кога станувало збор за пријателски натпревари, мали стадиони, лошо сместување, тој остана професионалец до крај. Битно е да го направите тоа што сте го замислиле и по што сте дошле.
Во какво опкружување ќе се пробиете? Одредени услови можат да бидат стимулативни без разлика што се оскудни. Тогаш фокусирајте се исклучиво на целта која сакате да ја остварите. Исто така, не дозволувајте подоброто опкружување да ве заведе.
