6 Причини зошто сум благодарна што ме отпушти
“Денеска ќе биде твојот последен ден”
Овие зборови случајно се појавија од катчето на мојата меморија пред некоја вечер. Јас ги миев садовите и слушав TED Talk. Не чувствував некоја посебна носталгија таа вечер, ниту пак размислував за било кој или што и да било конкретно.
Мојата меморија се премотуваше понатаму до моментот на одушевување кога добив email нудејќи ми стажирање. Се плаќаше 10$ од саат, и беше од моето поле, знаев дека било каква дневница би ги импресионирала моите професори.
Јас тогаш се најдов себеси забрзувајќи до сцената каде што го напуштам објектот Park Avenue за последен пат, и плачејќи и се јавувам на мајка ми од телефонска говорница за да и кажам дека ме отпуштиле. Овие потиснати спомени ги донесоа нивните пријатели од годините помеѓу за да ми ја расипат мојата мирна, досадна- возрасна забава во кујната.
“Денеска ќе биде твојот последен ден”
Секое делче од овој контекст ги окружуваше овие зборови заедно во рој за да го обликуваат гранд финалето во кое јас, како нервозна 20 годишничка, седам на едната страна од блескавата маса за состаноци, додека ти и твојот колега- мислам дека Мартин се викаше- седеа на другата страна. Најчесто работев под твоја закрила, но повремено Мартин и останатите ќе ми доделија прости задачи.
Тажно го зграпчив ледениот чај во моментот кога реалноста настапи. Добив отказ од моето прво стажирање.
И отказот е придружен со овие непријатни спомени што ти ги споменав прееска, од чиста љубопитност. Се прашував до каде си со животот. Бев пријатно изненадена да научам дека, после вложување на толку голем дел од твојот живот во корпоративна Америка, не се искачуваш само во хиерархијата , туку и ја редизајнираш истата.
Изгледа дека почнуваш ти да си главен во носењето одлуки и тоа е навистина кул. Но вистината е дека го изгуглав твоето име со скромна цел: Сакав да ти се заблагодарам што ме отпушти затоа што бев ужасен работник пред 14 години.
Ти имплицитно ме научи на бројни животни лекции што не ги научив на ниеден преценет курс на колеџот. Интерните разговори што ги имав тоа лето откако ми удрија клоца од мојот тесен, мал преграден работен простор вклучувајќи го и дијалогот што треба рутински да го најде својот тек во амфитеатрите на колеџот.
Со следнава листа сакам да ти се извинам за моите перформанси и да ти се заблагодарам што ме отпушти. Да не ме отпуштеше, не сум сигурна дали ќе ги направев промените неопходни за да поминам успешно на следното летно стажирање во односите со јавност(да, некој друг впрочем ме вработи) или било што од професиналните настојувања кои што следеа. Неуспехот во моето прво стажирање ме научи многу работи.
Тука се само неколку:
1. Секој е твој шеф. Не е важно кој доделува задачи. Секој е твој шеф.
2. Има вредност во креирањето задача за мене за настан каде што не ми било многу дадено да направам. Ова ме научи како да преземам иницијатива и да ја истражам дилемата на незнаењето односно што не знам.
3. Важноста на земањето белешки и поставување прашања не може да биде пренагласено.
4. Ако преполнетиот и спор лифт може да направи да каснете на работа, тогаш пристигнете неколку минути порано. Или идете по скали.
5. Следејќи го фијаското со лифтот, ме научи дека 9:05 am, или полошо 9;10 am., навистина се смета за ”доцна”. Освен тоа пристигнувањето во 8:55 am. е веројатно поблиску да бидеш на време отколку стигнувањето во 9:00 ам . Пристигнување во 8:40? Дури подобро.
6. Научив дека не е прифатливо да заминеш еден час порано без да прашаш, дури и да ми е роденден. ( Навистина не знам што рамислував со ова). Нема оправдување за порано напуштање на канцеларијата без искажана дозвола од твојот работодавач и не, дури и да ти е роденден, и не, дури и ако твоето момче те изненадило со посета на работа. Тој ќе чека до последниот час, минимум.
Ти не започна со намера да ме научиш на овие правила на професионализам. Научив единствено после нашaтa средба во салата за состаноци кога сфатив дека сум требала да завршам некои работи поинаку. Вештините на коишто ме научи се применливи во секоја работа што сум ја имала. Сега ги учам моите студенти од колеџот што ме научи, и се надевам дека слушаат.
Со отпуштањето и охрабрувањето да се пронајдам себеси, ти стана еден од моите најголеми инспиратори.