Јавниот долг на Србија на крајот на март изнесува 24,44 милијарди евра, 72% од БДП

Министерството за финансии на Србија објави дека јавниот долг на Србија на крајот на март изнесува 24,44 милијарди евра, односно 72% од БДП

Вкупните директни обврски на државата биле 22,15 милијарди евра а индиректните 2,29 милијарди евра. Во фебруари јавниот долг на Србија бил 24,86 милијарди евра, што е 73,6% од БДП. На крајот на 2015 јавниот долг изнесувал 24,80 милијарди евра, односно 76% од БДП. Јавниот долг на Србија на крајот на 2014 изнесувал 70,4 % БДП, а додека на  крајот на 2013 бил 20,14 милијарди евра, со учество од 59,6% во БДП.

Крајот на 2000 година јавниот долг бил 14,17 милијарди евра или 201,2 % од БДП, а најнискиот јавен долг бил во 2008 година, кога изнесувал 8,78 милијарди евра или 28,3 % од БДП. Со законот за буџетски систем учеството на јавниот долг во БДП е ограничено на 45%.

error: Content is protected !!