Најлошите одлуки на Bill Gates како CEO
Bill Gates беше CEO речиси 25 години се до неговото повлекување во 2000 година.
За тој период, тој претвори старт ап од двајца луѓе во еден технолошки гигант што вреди стотици милијарди долари, станувајќи и најбогат човек на светот.
Но секој голем CEO прави грешки, и според Brad Silverberg, кој беше 9 години SVP (Senior Vice President) од 1990, Gates направи две клучни грешки што го попречија бизнисот на компанијата на неколку начини: неговите слаби лобирачки напори и неуспехот да ја искористи предноста на интернетот порано.
“На врвот на листата за мене беше тоа што Bill не се ангажираше- ниту себеси ниту компанијата- доволно рано во политичките процеси. Додека конкурентите на Microsoft ефективно лобираа во владата, ставот на Bill беше дека владата треба да си замине и да го остави Microsoft на мирa” -напиша Silverberg во Quora Q&A сесијата одржана во петок.
Silverberg ќе напише дека Gates не се ангажираше со владата и политичарите порано, бидејќи тој веруваше дека компанијата се натпреварува чесно и создава доволно вредност за нејзините потрошувачи. Но тој пристап беше “катастрофа”, а во суштина направи владата на САД и ЕУ да и “објават војна на Microsoft”
Во 2000 година судијата Thomas Penfield Jackson пресуди дека Microsoft го прекршил законот за трустови преку врзувавањето на Internet Explorer со Windows. Иако Microsoft најпосле го разреши случајот со Министерството за правда во 2001, многумина веруваат дека е нанесена штета на доминацијата на Microsoft.
Silverberg исто така верува дека Gates ја негираше заканата од интернетот бидејќи тој сакаше да го заштити Microsoft и нивната Windows империја во тоа време. Тој напиша:
“Bill имаше потешкотии да сфати како да одговори на можноста/заканата на интернетот. Беше разбирливо. Кога го поседуваш Windows во доцните 90-ти, животот е добар па зошто би сакал работите да се променат? Погледот на Bill беше да го заштити Windows, и не тргна со пристапот во кој Windows и Microsoft стратегијата на системот ќе бидат во преден план . Резултатот на тоа беше намалување на стратешката позиција на Microsoft во првата декада на 21 век. Сега следува фаќањето чекор со новата реалност и правењето на неопходните задоцнети промени.”
Сепак Silverberg се уште има многу почит за Gates и верува дека тој е еден од најголемите CEO што било кога постоеле.
Тој напиша во друг Quora пост дека Gates имал рана визија да изгради софтверска империја и масовна бизнис платформа, додека правел важни стратегиски одлуки што му овозможија на Microsoft да го завладее потрошувачкиот и корпорацискиот простор, што е ретко достигнување за било која технолошка компанија.
“Bill е еден од најголемите CEO во американската бизнис историја” – напиша тој.