Негативните каматни стапки ги изедоа добивките на јапонските банки
Шокантната одлука на јапонската централна банка Bank of Japan (BOJ) со воведувањето на негативни каматни стапки си го зема својот данок во добивките на најголемите јапонски банки, за тоа сведочат нивните финасиски извештаи за минатата фискална година.
Големиот јапонски кредитор Mitsubishi UHJ на почетокот на оваа недела извести за пад на нето добивката за осум проценти на 951,4 милијарди јена(8,7 милијарди американски долари). За падот на добивката во последната фискална година која заврши на крајот на март, најмногу ги обвинуваат забавувањето на економијата, слабоста на пазарот од акции и ниските каматни стапки.
Ривалите негови Sumitomo Mitsui Financial Group и Mizuho Financial Group, минатата недела предупредија дека негативните каматни стапки ги намалуваат нивните кредитни маржи.
Во Јануари, BOJ го изненади пазарот со воведувањето на негативни каматни стапки на депозитите на банките, чија цел беше зголемување на кредитирањето на граѓаните и компаниите и потикнување на растот на економијата.
Со тој потег каде што централната банка им го наплатува на комерцијалните банки чувањето на вишокот на средства кај неа, како би ги потикнала парите да ги пренасочат во кредитни пласмани – на удар на критика се како очајнички се обидуваат со изненаден напад да го поттикнат успорениот раст.
Банкарите се меѓу најголемите критичари на таквата политика на BOJ вклучувајќи го и извршниот директор Nobuyukija Hirana на банката Mitsubishi UHJ, кој предупреди дека ќе им наштети во финансирањето на кредиторите, кои на големо се мачат да го поттикнат кредитирањето.
“Очекуваме да бидеме сведоци на забрзано намалување на домашните каматни маржи, поврзани со воведувањето на негативни каматни стапки во Јапонија”, изјави AKira Takai, аналитичар во компанијата Daiwa Securities Group.
Новата мерка на BOJ ги погоди цените на акциите на банките, па тие беа меѓу најголемите губитници на Токиската берза оваа година. Нивната добивка беше притисната и од забавувањето на растот на азиските економии, како и од фактот дека мораа да ги зголемат резервациите за лоши заеми.
Минатата недела јапонската банка Sumitomo Mitsui објави дека нето добивката во минатата фискална година, падна за 14 проценти, на 646,7 милијарди јена. А банката Mizuho има пораст на нето добивката во минатиот период, но предупреди дека добиката ќе и биде под притисок оваа година.
Јапонскиот банкарски сектор доживеа големи промени во минатите две децении, вклучително и големиот број на спојувања со кои се намали бројот на големи институции. Многуте ниски каматни стапки. со текот на годините ја притискаа профитабилноста на тамошните банки, па можностите за ширење на нивните бизниси беа приморани да ги бараат во странство.