Ван Хол денеска започна со изградба на втората фабрика во Бунарџик

Нови 450 директни и 100 индиректни вработувања ќе овозможи изградбата на втората фабрика на Ван Хоол во ТИРЗ Скопје 2 со која двојно ќе се зголеми капацитетот на белгиската компанија. Камен – темелникот за инвестицијата во вредност од 17 милиони евра официјално беше поставен денеска, а според најавите на потпретседателот на компанијата Филип Ван Хоол, ќе се спроведува во три фази.

Во првата фаза што ќе заврши во септември годинава ќе се изгради магацинот, во втората фаза, до април 2017 година предвидено отворање на четири нови производствени линии со кои двојно ќе се зголеми капацитетот за производство на автобуси, а во третата фаза во август 2017 година ќе биде изградена дополнителна комора за фарбање на автобуси.

Во октомври 2012 ја почнавме изградбата на нашата прва фабрика во Македонија, а веќе во октомври 2013 го испорачавме и првиот автобус. Досега тука имаме произведено 1.000 автобуси, од кои 900 се извезени на американскиот, а 100 на европскиот пазар, изјави Ван Хоол.

По завршување на новите капацитети, додаде, производството на автобуси ќе се зголеми на над 1.000 годишно.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо исткана дека во првата фаза Ван Хол инвестираше 25 милиони евра на површина од 39 илјади метри квадратни и го изгради производствениот погон кон крајот на 2013 започна со производство на автобуси на кои пишува производени во Македонија.

Со изградбата на новиот производствен капацитет, додаде дека површината на компанијата ќе се зголеми повеќе од двојно, а бројот на производните линии ќе биде дуплиран со што ќе се зголеми производството на автобуси на годишно ниво, а бројот на вработените ќе достигне над 1.200.

error: Content is protected !!