Дружба за креативци со презентација на нова можност за размена на своите дела, производи, способности

Ве покануваме да се дружиме, да разговараме за создавањето, креативноста, заедно да ги размениме искуствата и можностите кои ги овозможува Модулар креативната платформа.

Модулар е наменет за уметници, дизајнери, куратори, архитекти, галерии, концепт продавници, производители и љубители на изворни креации, купувачи на креативни и иновативни дела со уникатна вредност и можност за персонализација.

За првпат во Македонија и регионов Модулар им ја отвара Европа и Америка на Македонските креативци за заедничка соработка, создавање, размена со креативците и купувачите од светот. Модулар го отвара патот и е созададен за едноставна продажба, размена на креативни идеи, решенија, индивидуални, уметнички и иновативни дела во Европа и Америка преку интернет.

Оваа иницијатива е поддржана од Фондот за Иновации и Технолошки развој за старт-ап друштва.

Се гледаме во петок во Public Room во 17 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!