Обука како да аплицирате за фондови кои располагаат со преку 500 милиони евра.

Како да добиете пари за својата идеја во 7 дена или помалку?

Сите светски експерти учат дека парите се ресурс кој што го има во најголеми количини на планетава. Прашањето е: Каде се? Како до нив? На кој начин да ги ставам во функција на мојата идеја и бизнис?

Во името на Асоцијацијата на Менаџери на Македонија ве покануваме на 27 мај 2016 во 20:00 часот во Космополит во Струмица да земете учество на БЕСПЛАТНА обука со Сем Вакнин, кој ќе ви даде знаења и вештини како да аплицирате за фондови кои располагаат со преку 500 милиони евра.

Обуката е наменета за претставници од бизнис сектор, невладини организации, претприемачи, менаџери, студенти, иноватори, вработени, професори, вработени во јавна администрација, финансиери и сите кои сакаат да најдат дополнителни финансии за реализација на своите идеи.

Што ќе добиете?
Информации за над 30 некласични начини на финансирање кои се на располагање за реализација на секакви идеи,
Практично знаење за пополнување на апликациите и конструкција на бизнис плановите,
Мотивација за проактивност во вашето барање и искористување на овие фондови,
Вмрежување со претприемачи, консултанти и институции,
Материјали во пишана и електронска форма кои ќе може да ги користите во вашето натамошно работење.

Досегашните многубројни обуки од оваа област акцент ставаат на банкарските кредити кои се разликуваат само по каматните стапки. На оваа обука ќе бидат презентирани преку 30 алтернативни модели на финансирање на стартапи, мали и средни фирми, фамилијарни бизниси (краудфандинг, бизнис ангели, акселератори, иновациски фондови, европски фондови, билатерални фондови, ризичен капитал и др.). Оваа обука ќе биде единствена не само во Македонија, туку и во целиот Балкански регион.

ВАЖНО: Бидејќи се работи за фондови во странство, се очекува учесниците да се способни да комуницираат и разбираат ангилски јазик.

Асоцијација на Менаџери на Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!