ЊуМенс бесплатно ќе овозможи разговор на 6 тимови од Македонија со Burton Lee
Утре (28 мај, сабота) од 13:30 до 16:30 ЊуМенс Бизнис Акцелераторот бесплатно ќе овозможи разговор на 6 тимови од Македонија со Burton Lee, Innovarium Ventures партнер на акцелераторот за програмата Europe – USA Space Acceleration Program.
Burton Lee е извршен директор на Innovarium Ventures со над 15 години искуство во претприемништво, технолошки иновации, инвестиции во Силиконската долина.
Г-дин Lee ќе понуди совети за унапредување на pitch-deck, на самиот производ, за стратегијата за влез на пазарот и привлекување на инвестиции за секој од стартапите.
Ве молам да ме информирате за вашиот интерес денес најдоцна до 18:00 часот, овде во коментар, на порака или на irena@newmansba.com