Content Marketing за стартап ентузијасти

Сакате да ги научите најновите техники и трикови кои ги користат успешните стартапи? Сакате да дознаете повеќе за успешните контент маркетинг кампањи? Што се работат дигиталните маркетери во Европа?

Ни претставува чест и задоволство да ви ја најавиме како ексклузивен инструктор од странство за Brainster, Christina Forster која ни доаѓа директно од Виена со 15 годишно искуство во оваа сфера.

Во соработка со SECO Entrepreneurship Programme на Владата на Швајцарија, имплементирана од SwissContact во партнерство со J.E. Austin Associates, како консултант (Eco-System Advisor) ни е чест што ja имаме Christina Forster во Скопје. Таа е заинтересирана да работи со сите засегнати страни и има за цел да помогне при развојот на стартап сцената во Македонија и како истата може да се маркетира на интернационално ниво.

Во 1960 година, маркетингот беше возможен само преку 5 канали. Денес, живееме во свет каде постојат повеќе од 70 канали за комуницирање со нашите потрошувачи и целиот маркетинг микс се базира на знаења и стратегии од нов тип. Една од најиновативниите и популарни форми на маркетинг денес е контент маркетингот (или содржински маркетинг), особено популарен помеѓу стартап и коворкинг заедницата во Европа и светот поради својата корисност, ниски трошоци за имплементација и можност за целосен израз на тимската креативност.

На оваа работлиница ќе имате можност да разберете што всушност претставува контент маркетингот, како истиот се користи од страна на различни компании и кои се круцијалните елементи на овој тип маркетинг. Работилицата ќе вклучи конкретни примери и заклучоци од практичните искуства и работа со стартапи во Австрија и Централна и Источна Европа, со особен фокус на презентирање алатки кои можат да се користат во процесот на градење на вашата приказна и елементите на вашата контент стратегја. Во соработка со Бистра Кумбароска (регионален програмски координатор во Импакт Хаб Виена), работилницата ќе започне со вовед во бренд филозофијата на т.н. бренд дрво, и ќе претстави еден од најпрактичните модели на градење на вашиот бренд. По краткиот вовед, на оваа работилница ќе имате можност да дознаете за:

Storytelling/раскажување и начин на изразување

Формати и стратегија

Визуелен идентитет

Social media & SEO

Посетете ја оваа работилница за да можете полесно да се справите со сите маркетинг канали и техники, со цел подоброда се маркетирате на пазарот. Доколку сте основач на стартап или сте дел од маркетинг тим на стартап или сте во фаза на равој на идеја за стартап оваа работилница е за вас! Местата се ограничени и ќе се прави селекција…

Локација: ul. Zagrebska 28, 1000 Skopje / Impact Hub Skopjе

Време:  03.06.2016  17:00-20:00

Линк за пријавување: https://brainster.co/login

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!