Новосадскиот dryTools победи на Spark.me натпреварувањето иде во Сан Франциско

Новосадскиот стартап dryTools победи на натпреварувањето за стартапи што се оддржа на Spark.me конференцијата, која по четврти пат се одржа во Будва во Црна Гора.

После влегувањето во финале заедно со стартапите Smart Lumies и Bee and me, стручното жири, процени дека наградата со најголема вредност заминува кај екипата од Нови Сад. Самата награда доаѓа во облик на платен пат до Сан Франциско и учество во излагањето на конференцијата TechCrunch DISRUPT, една од најважните и најпосетуваните стартап конференции во светот.

dryTools неодамна доби и инвестиција од 300 000 евра од фондот SC Venture и со тоа стана првиот стартап во кои овој инвестициски фонд, со фокусот на овој регион инвестирал. Инаку SC Venture ја покрива и Македонија со својата канцеларија во Скопје, покрај канцелариите во Белград и Загреб.

Новосадскиот тим развива алатка за генерирање код која би требало да го напиште 80% од кодот наместо програмерот. Моментално подржува Java, Scala и JavaScript, а има најава и за Swift.

Многу интересен е податокот дека до сега на Spark.me стартап натпреварувањето во претходните четири години секогаш победувале стартапи од Србија.

 

error: Content is protected !!