Green Employment & Education Days
Климатските промени создаваат многу нови зелени професии и работни места. Доколку сакаш да знаеш кои вештини и какво знаење ти е потребно за овие професии посети го настанот за зелени работни места и еколошко образование од 13ти до 15ти јуни кој ќе се организира како дел од Европската Недела на Одржлива Енергија (www.eusew.eu).
Агенда:
Ден 1 – Официјално отворање
Локација: ЕУ Инфо Центар – Скопје
14:00 – 15:30 Панел дискусија на тема:
„Работни места во секторот на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност – дали образовниот систем е подготвен за успешна енергетска транзиција?“
15:30 – 16:00 Коктел и саем на можности
Факултети, институти, фирми и НВО-а ќе имаат поставени инфо-пултови во ходникот во ЕУ инфо центар
Ден 2 – 14 јуни
Локација: Машински факултет
09:30 – 10:00 Регистрација на учесници
10:00 – 11:00 Презентација на студија: „Работни места во термоелектрани наспроти работни места во секторите обновливи извори и енергетска ефикасност“ – Соња Ристовска, Аналитика
11:00-11:30 Пауза и освежување
11:30 – 12:45 Искуси што значи да работиш на зелено работно место? Студии на случај и работилници – машинци/инженери / архитекти/градежници
13:00 – 14:15 Сесија 3 и 4 (се чека потврда за фирмите кои ќе ги одржат)
14:30-16:00 Вмрежување, коктел, и доделување сертификати – факултети, фирми и НВО-а ќе имаат свои инфо пултови со можностите за пракса, студирање, работа
Ден 3 – 15 јуни
Локација: Економски факултет, Скопје
10:00 – 10:30 Регистрација
10:30 – 12:00 Еколошко право, студија на случај – Хидро-централи Маврово, Александра Бујароска, Фронт 21/42
12:00 – 12:30 Пауза за освежување
12:30 – 13:30 Студија на случај Охрид – Александра Бујароска, Фронт 21/42 и Антонио Јовановски, Гоу Грин
13:30 – 14:30 Работа во групи
Правна стратегија, Александра Бујароска, Фронт 21/42
Кампања за мобилизација и јавен притисок, Александра Коложег, АИЕСЕК
14:30 – 15:30 Презентации и дебатирање
Антонио Јовановски, Гоу Грин Скопје
15:30 – 16:00 Коктел, закуска и доделување сертификати