Петдневен курс за брзо читање

(Зголемете ја вашата брзина на читање и до 100 страници за 30 минути)

20 – 24 јуни 2016 година (понеделник – петок), 13:00-17:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Цел на курсот:
Со обемот на информации што ги примаме и имаме на располагање секој ден, почнувајќи од весникот во утринските часови, e-mail пораките, сите извештаи, предлози, списанија и писма што се испратени, читањето е една од најпотребните вештини со кои ние располагаме за да се ‘’справиме’’ со сето тоа.

Брзо читање е вештина која може да ја научи секој преку соодветна подготовка и низа на техники конципирани во еден методолошки приод Power reading, кој е еден од најнапредните методи во светот и е верификуван во ЕУ. Концептот на брзо читање се заснова на будење на вродената способност на човекот да учи на природен начин.

Потврдено е дека постојат многу индивидуални разлики во тоа како и на кој начин читаме. Многумина имаат присвоено лоши навики на читање кои ни одземаат време, но и лошо влијаат врз разбирање на прочитаното. Со брзото читање се справуваме со лошите навики и заштедуваме на време.

Ова се само неколку лоши навики на читање:

  • Читање на материјалот со иста брзина. Вашата брзина треба да се менува во зависност од тежината на текстот.
  • Читање кога сте уморни. Ова е многу типично за студентите или пак читање во кревет. Читањето бара да бидете во продуктивна состојба на умот.
  • Настојување да се разбере 100% одеднаш. Потребно е да се постигне прво мала разбирливост, а потоа да се бараат деталите.

Многу големи фирми и корпорации одржуваат вакви курсеви во рамки на обуките за управување со времето затоа што се свесни што за нивниот развој значи развиена способност на вработените за брзо читање и учење. Огромната количина на знаење и информации го определува успехот на поединците затоа што тие мора да ги совладаат и прифатат. Оттаму, улогата на брзото читање и учење стануваат едни од важните алатки на оптимизација на резултатите.

Со изобилство од практична работа, високо професионални предавања и соодветна литература, за 20 часа, курсот ќе ви овозможи да ги совладате основните техники на брзо читање и минимум двојно да ја зголемите вашата почетна брзина на читање. Во комбинација со техники на фокусирање и проширување на видното поле ќе можете да постигнете одлични резултати и читачка слобода. Оваа вештина ќе ви помогне и побрзо и поквалитетно да учите и меморирате. Со брзото читање не само што станувате побрз и поефикасен читач, туку вашиот мозок го развивате и едуцирате по природен пат.

Користи од примена на вештината брзо читање:

  • Подобрена концентрација и фокус;
  • Лесно и ефикасно бележење на состаноци и предавања;
  • Изострена перцепција;
  • Поголема самодоверба за други когнитивни и читачки активности;
  • Елиминирање на стресот и стравот за повеќе читање и учење;
  • Подобро управување со времето;
  • Повеќе време за себе и за други активности.

Програма на курсот:

Ден 1 (20 јуни)    

  • воведен дел и запознавање со методиката
  • запознавање со брзо читање и проблемите при читањето
  • фактори за отсуство на концентрација
  • вовед во работа со ментални мапи (графичка мнемо техника)
  • точки на подготовка за брзо читање
  • подготвителни вежби за субвокализација
  • мемориски вежби

Ден 2 (21 јуни)    

  • усвојување на основни техники за брзо читање
  • мемориски вежби
  • вежби за подобрување на концентрацијата

Ден 3 (22 јуни)    

  • усвојување на основни техники за брзо читање
  • мемориски вежби
  • вежби за ширење на видното поле
  • вежби за подобрување на концентрацијата

Ден 4 (23 јуни)    

  • усвојување на напредни техники за брзо читање
  • мемориски вежби
  • вежби за ширење на видно поле

Ден 5 (24 јуни)    

  • утврдување на сопствено темпо
  • дрил вежби со сите техники
  • забрзување и тестирање на вештината
  • тестирање на стручни текстови на вештината

Предавањата ќе се одржуваат во текот на една работна недела (од понеделник до петок) од 13.00-17.00 часот во просториите на Институт КОНЦЕПТ.

За кого е наменет курсот:
Овој метод е корисен за секого: менаџери, директори, бизнис професионалци, ученици, студенти, професори, сите оние коишто во своето секојдневно работење се соочуваат со голем обем на пишан материјал, како и за сите оние коишто сакаат свој професионален развој. Не постои ограничување според возраста, интелигенцијата, претходно работно искуство, успехот на училиште, просекот на факултет, професијата или друго.

Предавач:
Гордана Андоновска од Ин Оптимум Македонија. Ин Оптимум Македонија е лиценциран центар на Академијата Ин Оптимум од Хрватска за напредните програми за брзо читање и учење по методот Power reading, како и за работа со деца и возрасни со потешкотии при читањето и дислексија по методот AFS.

НАПОМЕНА: организаторот гарантира комплетно совладување на методологијата на брзо читање на секој учесник кој ќе ги посети сите пет дена од курсот.

Сите заинтересирани за учество на овој курс можат да се пријават најдоцна до 16 јуни 2016 година.

Сите учесници на курсот ќе добијат работен материјал и Сертификат за учество.

Котизацијата за едно лице изнесува 10.000 денари + ДДВ.
За секој следен учесник од иста компанија, котизацијата изнесува 8.000 денари + ДДВ.
Институт КОНЦЕПТ за сите заинтересирани организира и индивидуална обука за брзо читање. Цената изнесува 20.000 денари  + ДДВ.

За сите дополнителни информации во врска со курсот слободно контактирајте со: 
м-р Ирена Богоевска и м-р Ленче Зикова, тел. 02 32 16 962 и 02 32 16 963,
e-mail: institut@koncept.com.mk.

ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВЕН ЛИСТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!