За Warren Buffett една реченица е клучна за малиот бизнис

Ако се занимавате со мал бизнис треба да се стремите да ги ,,одушевувате” вашите клиенти, тврди познатиот инвеститор и еден од најбогатите луѓе на светот Warren Buffett.

Основачот и директор на Berkshire Hathaway така го започнува разговорот со сопствениците на мал бизнис, кои се собраа на еден настан посветен на малиот бизнис, на кој тој подели некои од своите најдобри деловни совети.

,,Утрото кога ќе станете, погледајте се во огледало и напишете со кармин или со нешто друго: одушевувај го клиентот, а не го задоволувај”. Тоа е едноставна мисија од три збора, упрости Buffett.

Секој бизнис во кои клиентите се одушевени , ја шири својата продажна моќ за коja не морате да плаќате, бидејќи клиентите зборат за тоа на другите луѓе цело време, додава овој милијардер, наведувајќи и конкретен пример кога тој купувал свој автомобил, нагласувајќи како ,,не се сеќава колку го платил автомобилот, ама дека се сеќава на искуството”.

Спрема неговото мислење ,,класичен пример” е основачот на Amazon, Jeff Bezos, кој бизнисот го покрена од гаража. ,,Bezos секој ден се подреди на тоа своите клиенти да ги одушеви со брза достава, ниски цени, кога и да можел. А и денеска исто размислува – како да го одушеви муштеријата”.

Buffett им порачува на ,,малите” бизнисмени никогаш да не се предаваат. Ќе успеете ако ги одушевите клиентите немојте да се задоволувате со ,,задоволување” на клиентите, туку потрудете се да помислат како никогаш не имале подобро искуство со луѓе, и ќе дојдат повторно, заклучи Buffett.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!