Microsoft го купува Linkedin за 26,2 милијарди долари
Microsoft го купува LinkedIn за 26,2 милијарди долари, објави компанијата. Microsoft ќе плати 196 долари по акција за компанијата .
Извршниот директор на LinkedIn ќе остане извршен директор на професионалната социјална мрежа, и ќе поднесува извештај на извршниот директор на Microsoft, Satya Nadella.
Под условите за аквизицијата, LinkedIn ќе остане “посебен бренд, култура и независност”. LinkedIn има над 300 милиони корисници од цел свет, и тоа што го прави посебен е што е наменет за професионалци, за разлика од другите социјални мрежи.
Дали ќе биде ова најдобрата инвестиција на Microsoft во последните 20 години ќе покаже времето, но без LinkedIn социјалната мрежа наменета за професионалци да разменуваат контакти, да аплицираат за работа и да закачуваат свои резимеа, ниту еден професионалец не може да го замисли својот живот и кариера.