Регионалниот настан за пристап до финансии за жени претприемачи од Македонија, Косово и Албанија
Почитувани,
Задоволство ни е да ве поканиме на Регионалниот настан на тема Пристап до финансии наменет исклучиво за жени претприемачи кој ќе се одржи на 22-ри јуни 2016-та година во Скопје во организација на ЦЕЕД Македонија и Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) и во соработка со Здружение на бизнис жени во Македонија, а со финансиска поддршка од ЕБРД и Проектот за регионален економски раст на УСАИД.
На овој настан ќе имате можност да чуете нешто повеќе за постоечките фондови, кредитни линии, програми и механизми кои им се на располагање на жените претприемачи од регионот, но и да запознаете жени претприемачи од Македонија, Албанија и Косово.
Ве молиме да го потврдите вашето присуство со испраќање на потврда по имејл до atrpovska@ceed-macedonia.o