Израел ќе биде следната силиконска долина?

Еден од највлијателните луѓе на израелската технолошка сцена искочи со неверојатно објаснување, поради што од нивната земја ќе произлезе следната Силиконска долина. Причина- се е во талентот.

На предавањето која оваа година се одржува во рамките на Bloomberg технолошката конференција, Inbal Arieli потпретседател за стратешко партнерство во компанијата Start-Up Nation Central, ја прашаа кои места во наредните децении ќе бидат најголеми технолошки јадра. Arieli заклучи дека Силиконската долина ќе ја задржи својата доминација во наредните години, иако Израел наскоро би можел да стане конкуренција.

Arieli има верба во Израел бидејќи владата од мали нозе ги потикнува вештините на младите луѓе како што се креативност и размислување “out of box”.

,,Тоа што во Израел го доживуваме како нешто посебно, а што го немаат сите земји е задолжителната војна служба” истакнува Arieli. Младите луѓе се регрутираат во војничките редови со само 17 години и бидејќи до тогаш средношколците собираат многу малку работно искуство, војската е во потрага за таленти и потенцијал.

Еднаш кога ќе се запишат во војничките редови, младите се изложени на најголеми технолошки предизвици и се охрабруваат да ги решат ослонувајќи се на многу малку ресурси. Така е дојдено до тоа, целокупниот технолошки прогрес да е во рацете на младите луѓе.

На пример, тајната единица на израелската војска Unit 8200, школува необично голем број претприемачи насочени на технолошки развој. Технологијата развиена во оваа единица се користи и надвор од неа, а Business Insider приметува дека и не постои голема разлика помеѓу следењето на терористите и следењето на потрошувачите.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!