Tasting Ideas

Да се има идеја, значи да се следи некаков сон. Да се мисли на oстварување на предизвикот. Колку идеи ви се имаат изгубено по тетратки, по случајно помислени разговори, во сон, на јаве?

ХАБ Скопје сака да ве слушне што имате на ум. Што сакате да направите со Вашата идеја? Прво да ја споделите. Да и дадете важност, да ја дискутирате со другите кои сакаат да ја слушнат и да ви помогнат со насока, сугестија, уште некоја идеја! Нашата приказна е дека храброста да се има идеја е уште поголема кога ќе премине на следното ниво – реализација.

Најди момент во својата глава и вкуси ја идејата. Дај и форма. Не плаши се да ја раскажеш. Обликувај ја како што заслужува. Ние сме дом за идеи – со задоволство ќе ве ислушаме што имате да ни пренесете. Од идеи за подобар еко систем до мали бизниси, било што што има свесност и компонента за подобар развој и свет, спремни сме да ви дадеме простор и можност да го пренесете. Настанот ќе биде во опуштена атмосфера, со можност за пијалок и креирање мезе по желба.

Tasting Ideas e настан на ХАБ Скопје кој ќе биде традиционален и ќе се одржува еднаш месечно, со цел да ги собере луѓето од креативната/бизнис/социјална заедница, да понуди можност за соработка, заеднички насоки, јакнење на вредностите и слобода да се биде иновативен.

Се гледаме во четврток.

23 Јуни, Четврток од 17:30- 19:30

HUB Skopje  Zagrebska 28

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!