Најмоќниот суперкомпјутер во светот е во целост кинески

Најмоќниот суперкомпјутер во светот е кинески и е во целост направен од домашни делови, се наведува во студијата објавена во понеделникот.

Ова е првпат Кина да го заземе првото место на листата Top 500, не користејќи воопшто американска технологија. Суперкомпјутерот Sunway TaihuLight, е двојно побрз од претходниот најбрз суперкомпјутер кои користеше чипови од американската компанија Intel.

Прв пат од воведувањето на листата Top 500 (www.top500.org), Кина има повеќе суперкомпјутери (167) од Соединетите Американски Држави (165) на листата која двапати во годината ја објавува научната национална лабараторија Lawrence Berkeley и универзитетот од Тennessee.

Суперкомпјутерот Sunway TaihuLight во кинескиот град Wuxi, ќе се користи во изработка на модели за истражување на климата. Од десет најбрзи суперкомпјутери во светот два се кинески, а четири се во САД. Останатите се во Јапонија, Германија, Швајцарија и Саудиска Арабија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!