Кои делови на Велика Британија за што гласаа на референдумот за Брегзит

Како Велика Британија гласаше на референдумот, она што е очигледно е дека цела Англија со исклучок на поголемите градови гласаше за напуштање на ЕУ, исто како и Велс, Шкотска гласаше за останување во ЕУ, додека во Северна Ирска гласовите беа поделени но со предност за останување. Со сина боја се обележани деловите каде мнозинството се за напуштање на ЕУ. А со жолта боја каде мнозинството се за останување во ЕУ.

b m1

Како државите што ја сочинуваат Велика Британија гласаа на референдумот.

br m2

Англија беше државата со највеќе проценти за излез од ЕУ дури 53,4% од гласовите, додека Шкотска беше државата со само 38% од гласовите за напуштање на ЕУ. Очигледно е дека Шкотска и Англија различно гледаат на иднината. Дали сега ако се одржи референдум за Шкотска да прогласи независност, дали исходот би бил поинаков, дали за брзо време Шкотска ќе има уште еден референдум за тоа дали да останат или да ја напуштат Велика Британија, тоа се прашањата што ќе се отворат во наредниот период. И за крај конечниот исход од референдумот. Конечниот епилог е 51,9% од вкупниот број на гласови беа за напуштање на ЕУ, а 48,1% за останување во ЕУ.

b m3

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!