Обука: Управување и наплата на побарувања
Smart Events
Водени од фактот дека речиси не постои компанија, комерцијалист или финансиски професионалец кој не се среќава со повремени помали или поголеми проблеми при наплатата, ја креиравме оваа обука која ќе ви помогне да го обучите тимот да остварува подобри деловни резултати преку унапредување на наплатата и преговарачките вештини во деликатни бизнис ситуации.
Оваа обука наменета е високо препорачлива за сите:
• Вработени во сектори за наплата, сметководство и/или правен сектор
• Одговорни за финансии и/или поддршка на продажба
• Комерцијалисти и/или акаунт менаџери кои одговараат за наплатата на своите клиенти
• Менаџери, директори и сопственици на компании
На обуката ќе бидат одговорени и обработени повеќе прашања од оваа проблематика:
• Зошто клиентите доцнат или не плаќаат?
• Како влијае улогата на комерцијалистот/ акаунт менаџерот/ менаџментот во наплатата?
• Кои се законските рамки и можности?
• Превентива: Како се поставува конзистентна кредитна политика во рамки на компанијата – Account Management & Customer Care
• Како да се регулираат чекорите при ескалација на долгот и да се стимулира навремена наплата?
• Како да се мапира процесот на донесување одлуки на клиентот со цел регулирање на деловните односи?
• Како се може да се искомуницира со клиентот по основ – наплата и која тактика е најефективна во различни ситуации?
• Кои сигнали предупредуваат во проблеми со наплатата?
• Како да се стимулира побрза наплата и да се интегрира психологијата на клиентот со кредитната политика на фирмата?
• Како да се справиме со типичните “оправдувања” , “избегнувања” и “одложувања”?
Деталите за обуката се следните:
Датум на одржување: 30 јуни, четврток, 09:00 -16:00 часот
Локација: хотел Холидеј Ин, Скопје
Тренер: Митко Керамитчиев (Најдокажаниот македонски тренер со реализирани над 500 успешни тренинзи за најуспешните македонски компании, поранешен менаџер во повеќе компании и автор на бизнис литература)
Цена: 7.790 ден. + ддв. АКЦИЈА 1+1 (за 1 платена котизација добивате 2)
Рок на пријавување: 27 јуни до 14:00 часот.
Местата се ограничени. Котизациите се резервираат по правилото ‘Прв пријавен – прв услужен’.
За повеќе информации и прашања слободно контактирајте нѐ на 078 262 192 или office@SmartEvents.mk